Фудбалерите на Брајтон забележаа значајна победа на отворањето на 20 натпреварувачка рунда во Премиер лигата. Брајтон пред своите навивачи забележа победа над Борнмут со 2:0.
Првиот гол на мечот го постигна Иранецот Јаханбаш во третата минута. Ова беше прв гол за Јаханбаш за чии трансфер Брајтон пред 18 месеци на АЗ Алкмар им патија 20 милиони евра. Иранецот емотивно го прослави голот првенец за Брајтон.
Во 58 минута Брајтон постигнаа гол преку Бурн, меѓутоа тој беше поништен поради милиметарски офсајд.
Конечниот резултат го постави Муј во 79 минута.
По овој меч Брајтон има 23 поени, додека Борнмут останаа на бројката од 20 бодови.