Top Sport

Клоп ги одбил ПСЖ со понудата за „многу“ пари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп еден час разговрал со спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо, но на крајот јасно му порачал дека е среќен на „Енфилд“ и дека не планира да си замине, тврди францускиот портал „Ле 10 спорт“.

На чело на ПСЖ е Томас Тухел, кој лани со нив ја освои титулата од Лига 1, но амбициите на францускиот тим се освојување на Лигата на шампиони и раководството на клубот не е уверено дека со германскиот стратег тоа е возможно.

Леонардо му ја објаснил визијата на Клоп при разговорот во текот на празниците со надеж дека ќе може да го убеди да го замени својот германски сонародник и покрај тоа што Клоп овој месец ја продолжи верноста на Ливерпул до 2024 година.

52-годишниот Клоп го „препороди“ славниот англиски тим со трофеј од Лигата на шампионите минатата сезона пред оваа да направи огромна предност на врвот на Премиер лигата за да ги донесе „црвените“ на чекор до титулата која ја немаат освоено 30 години. ПСЖ не се единствените заинтересирани за Германецот, откако во неодамнешната анкета во Шпанија, дури 80 отсто од навивачите на Барселона гласаа дека Клоп треба да застане на клупата на „Ноу Камп“.

Scroll to Top