Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес верува дека неговиот поранешен клуб ќе ја освои титулата во шпанската Ла лига, иако признава дека тоа најмногу зависи од – Лео Меси.
По 18 кола, Реал се на два поени зад Барселона откако имаа три ремија во последните три меча, од кои едно беше ремито без голови на „Ноу Камп“, кога никој не успеа да направи потег за победа.
„Срцето ми вели дека Реал Мадрид ќе бидат шампиони. Но, тоа зависи од Меси, бидејќи кога беше Кристијано Роналдо тука работите беа појасни. Двата тима играат на високо ниво, но сезоната вистински ќе почне во февруари. Тогаш ќе видиме колку се доби тимовите и кој ќе биде поподготвен ќе си отиде со титулата“, вели Мориентес.
Пред крајот на деценијата, Мадрид ја има освоено домашната титула само двапати – во 2011/12 и 2016/17, додека Барселона доминираше со седум лигашки титули.