Top Sport

Просинечки потврден за нов тренер на Кајзериспор

Поранешниот селектор на Хрватска, Босна и Херцеговина и Азербејџан, Роберт Просинечки е нов тренер на најслабиот тим во турската Суперлига, Кајзериспор, потврдија од турскиот клуб.

Просинечки во ноември си замина од селекторското место во БиХ по 22 меча (9 победи, 6 ремија и 7 порази) откако не успеа да ги квалификува на Европското првенство во конкуренција со Финска и Грција.

Scroll to Top