Top Sport

Соиграчот на Талески го пропушта ЕП во Хрватска

Српскиот репрезентативец и соиграч на Филип Талески во Рајн Некар Левен, Момир Рниќ, поради повреда на стапалото ќе го пропушти престојното Европско првенство во ракомет.

Левиот бек се повредил при доскок на тренингот на српската репрезентација, поради што ќе мора да биде опериран. Првите прогнози на лекарите говрат дека 30-годишниот ракометар ќе отсуствува од терените во наредните три месеци.

„Многу ми е жал поради Момир и оваа негова поведа. По посакуваме што поскоро да се враи на терените“, рекол споретскиот директор на Рајн Некар Левен, Оливер Рогиш.

Европското првенство во Хрватска ќе се одржи од 12. до 28.јануари, а Србија е во А-групата заедно со домаќинот, Шведска и Исланд. Во првото коло Србија, во Сплит, ќе игра против Хрватска.

Scroll to Top