Top Sport

Арсенал го обнови интересот за Андрија Живковиќ

Арсенал го обнови интересот за српскиот репрезентативец Андрија Живковиќ, со кого Арсен Венгер планира да го надомести заминувањето на Алексис Санчез.

Португалскиот „О Жого“ објави дека Арсенал го обновил интересот за фудбалерот на Бенфика и дека ќе се обиде да го реализира трансферот во јануарскиот преоден рок. Проблем на Венгер му прави само откупната калузула која во договорот ја има српскиот репрезентативец, а која изнесува 60 милиони евра.

Живковиќ од почетокот на сезоната има одиграно само 749 минути за Бенфика, а самиот најави дека би се преселил во тим каде што ќе може да игра само за да може да избори место во репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство во Русија.

Поранешниот фудбалер на белградски Партизан, на 6.октомври како капитен ја предводеше селекцијата на Србија до 21 година во победата над Македонија во Скопје 2:0.

Scroll to Top