Top Sport

Коби Брајант на словенечки го „навредил“ Дончиќ (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс изминатата ноќ славеа над Далас Маверикс 108:95. Ова беше прва победа во третиот меч за Лејкерс во дуелите со екипата од Тексас. Лејкерс одиграа добра одбрана против Лука Дончиќ, го лимитираа на 19 поени и шут од поле 5-14. Слоенецот не постигна ниту една тројка од шесте обиди.

Мечот беше интересен и по еден детал од третата четвртина, кога еден навивач од првиот ред го привлече вниманието на Дончиќ. Типот кој му го привлекол вниманието бил Коби Брајант легендарниот играч на ЛА Лејкерс.

„Зборуваше на словенечки, се свртев да видам кој зборува на мајчин јазик и го видов Коби. Навистина бев изненаден“, рекол Дончиќ.

По мечот тие двајца разговарале, а Словенецот пред „фотографот“ Коби позирал со најстарата ќерка на поранешниот кошаркар, Џина.

Ако се прашувате каде Коби Брајант научил неколку зборови на словенечки, не заборавајте дека во минатото шест години соиграч му беше Саша Вујчиќ.

Scroll to Top