Top Sport

Некогаш соиграч на Бекам, Гигс, Сколс сега е католички свештеник (Видео)

Бил фудбалер на Манчестер јунајтед, репрезентативец на Северна Ирска, заработувал и до 700.000 фунти годишно, возел скапи автомобили, имал сè што ќе посака, а неодамна стана калуѓер, во доминиканскиот ред, ова е накратко животната приказна на Филип Марлајн.

Марлајн бил член на Манчестер јунајтед во славните години на клубот, тогаш предводен од сер Алекс Фергусон. Во периодот од 1996 до 1999 година ја делел соблекувалната со фудбалски легенди како Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс, Питер Шмајхел…

Во таква конкуренција стигнал да одигра само еден натпревар за Јунајтед, а квалитетот го покажал во Норич каде што одиграл 160 натпревари и постигнал 18 гола. Бил играч и на Кардиф, Лејтон и Кинг Лин каде што во 2008 година ја завршил кариерата.

27 пати го носел дресот на репрезентацијата на Северна Ирска.

Откако ставил крај на професионалната кариера, запишал студии по филозофија, а пред две години се преселил во Рим каде што почнал да изучува теологија.

Минатиот викенд решил да направи радикален чекор во животот, стана свештеник.

„Во почетокот на кариерата уживав во сето тоа – пари, жени, скапи автомобили… Купував по три-четири автомобили годишно. Но во доцните 20-ти години од животот станав незадоволен. Целта сега ми е поинаква од онаа што ја имав додека бев фудбалер. Тогаш бев во потрага по победите, а сега сум во потрага по Бога“, изјавил 39-годишниот Марлајн за „Тајмс“.

Scroll to Top