Top Sport

Саудиска Арабија не им даде визи на израелски шахисти

Светската шаховска федерација (ФИДЕ) соопшти дека Саудиска Арабија им го забранила влезот во земјата на израелските шахисти кои требало да учествуваат на турнир на нејзина територија.

Седуммина израелски шахисти побарале визи за да учествуваат на турнирот кој од 26 до 30 декември ќе се одржува во Саудиска Арабија, меѓутоа државата не им одобри влез на нејзина територија.

Доколку Израелците добиеја визи, тоа ќе беше историски момент бидејќи Саудиска Арабија не го признава Израел, а двете земји никогаш не воспоставиле дипломатски односи.

Претседателот на ФИДЕ, Израел Гелфер, изјави за агенцијата „Ројтерс“ дека на Израелците не им биле издадени визи и дека турнирот ќе се одржи според планираното.

Scroll to Top