Top Sport

Нов напаѓач доаѓа во Наполи

Лидерот во италијанската Серија А, Наполи, во зимскиот преоден рок ќе донесе неколку засилувања во обид да ја донесе титулата на „Сан Паоло“ по пауза од 27 години.

Прв кој ќе го засили тимот на Маурицио Сари е напаѓачот Роберто Инглезе. Овој 26-годишен фудбалер е играч на Напочи, но полусезоната ја одигра како позајмен играч во Киево.

За „летечките магариња“ од Верона, Инглезе имаше ефект од седум гола и две асистенции.

Дека напаѓачот ќе се врати во Наполи, потврди и претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис.

Изминатите денови со трансфери во Наполи се поврзуваат Амин Јунес од Ајакс и Зинедин Машаш од Тулуз.

„Кога станува збор за имињата кои ги прочитав изминатите денови по весниците (Јунес и Машаш) тука ништо не е сигурно, па дури и да дојдат кај нас тоа значи дека вложуваме во иднината на клубот, односно тие веднаш би биле испратени на позајмица“, изјавил Де Лаурентис за „Кориере дел Мецоџорно“.

Scroll to Top