По низата слаби резултати, Сафет Сушиќ доби отказ од тренерското место во турскиот суперлигаш, Аланијаспор.
Тренерот кој на Босна и Херцеговина и донесе историски настап на Светското првенство во Бразил во 2014 година, дојде во Аланијаспор во јануари 2017 година, но имаше катастрофален старт на шампионатот.
Последната победа Аланија ја оствари во средината на ноември, и моментално е само на 13. место во Супер лигата, а испадна и во шестнаесетфиналето на Турскиот куп од Гиресунспор.