Лука Модриќ ќе остане во Реал, а не било исклучено по завршувањето на сезоната тој да добие некое место во раководните структури во „кралскиот клуб“. Капитенот на Хрватска има договор со Реал до јуни 2021 година, клубот планира тој да го одработи договорот, изјавил за „Хина“ високо позициониран член на клупското раководство.
„Задоволни сме од Модриќ. Има договор до летото во 2021 година, планот е да остане до крајот на договорот кај нас“, рекол членот на клупското раководство кој побарал да остане анонимен.
„Можно е да добие и некоја функција во клубот, но на оваа тема се уште не сме разговарале“, дополнил изворот на „Хина“.
Во разговорот, неименуваниот функционер на Реал, потврдил дека по завршувањето на Светското првенство во 2018 година Интер покажале интерес за Модриќ, но не испратиле официјална понуда за Хрватот.
„Разговаравме со Модриќ, тој ни кажа дека Интер се интересирале за неговите услуги. Се беше коректно, тоја сакаше да остане кај нас, така што целата ситуација бргу беше решена“.
Лука Модриќ е играч на Реал од 2012 година, одиграл 320 натпревари на кои постигнал 20 гола и забележал 52 асистенции.