Top Sport

Динар имал само една дилема пред ЕП

Ракометната репрезентација на Франција е меѓу фаворитите за освојување медал на Европското првенство. Француските репрезентативци го одработија првиот дел од подготовките, а по двата дена пауза што ги добија од селекторот Дидие Динар, тие ќе одиграат два контролни натпревари.

Францускиот селектор имал само една дилема пред да го соопшти конечниот список на играчи кои ќе ги бранат боите на Франција на континенталното првенство. Дилемата на Динар била кој ќе биде вториот голман. Прв голман на Франција е Венсан Жерар, а за двајца конкурираат за место покрај голманот на ПСЖ, Весли Пардин и Јан Женти.

„Жерар е број 1, докажан е и долго време е дел од колективот. Тука се уште Пардин и Женти, наскоро ќе донесеме одлука кој од нив ќе биде покрај Жерар. Имаме две контролни средби Венсан ќе брани на двете, додека Весли и Јан ќе добијат шанса на по еден натпревар“, рекол Динар.

Франција како дел од подготовките ќе одигра контролни натпревари со Србија и Данска.

„Галските петли“ првата фаза ќе ја играат во Д-групата во Норвешка, против домаќинот, Португалија и Босна и Херцеговина.

Scroll to Top