Top Sport

Челси од претходната сезона се во дебел минус

Сезоната 2018/2019 фудбалскиот клуб Челси ја завршиле со минус од 96,6 милиони фунти, објави клубот на „Стенфорд Бирџ“.

Клубот чии сопственик е Роман Абрамович претходните две сезони бележел профит. Лошата финансиска слика се должи на неиграњето на Челси во Лигата на шампионите, отказот кој што му го врачи клубот на тогашниот тренер Антонио Конте и активностите на трансфер-пазарот.

Во сезоната 2017/2018 Челси заврши на петтото место во Премиер лигата, Конте доби отказ, на неговото место беше ангажиран Маурицио Сари, а во клубот пристигнаа голманот Кепа, Жоргињо и Ковачиќ. Исто така во финансискиот дел е пресметан и трансферот на Пулишиќ.

Иако има минус во финансиите Челси соопштија дека клубот ги почитува одредбите од финансискиот ферплеј.

Scroll to Top