Нови осум натпревари вечерва ќе го комплетираат третото коло во Лигата на шампионите. Дербито се игра на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон помеѓу Челси и Рома.
Челси ја пречекува Рома и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон освојување на првото место во Д групата. Во пресрет на натпреварот менаџерот Антонио Конте се соочува со сериозни персонални проблеми бидејќи во тимот ќе ги нема повредените Алваро Мората, Н’Голо Канте и Виктор Мозес.
Двата тима во дуелот влегуваат по поразите во националните првенства, викендов Челси загуби од Кристал Палас (2:1), а Рома во дербито против Наполи (0:1).
Во останатите групи вниманието ќе биде насочено кон Барселона и Минхен. Барселона против Олимпијакос ќе го одигра првиот меч на „Камп Ноу“ по референдумот за независноста на Каталонија, додека Јуп Хајнкес, против Селтик, ќе има ново деби во Лигата на шампионите.
Група А:
Бенфика-Манчестер Јунајтед
ЦСКА Москва-Базел
Табела: Ман. Јунајтед 6, Базел 3, ЦСКА 3, Бенфика 0
Група Б:
Андерлехт-ПСЖ
Баерн Минхен-Селтик
Табела: ПСЖ 6, Баерн 3, Селтик 3, Андерлехт 0
Група Ц:
Карабаг-Атлетико Мадрид
Челси-Рома
Табела: Челси 6, Рома 4, Атлетико 1, карабаг 0
Група Д:
Барселона-Олимпијакос
Јувентус-Спортинг Лисабон
Табела: Барселона 6, Спортинг 3, Јувентус 3, Олимпијакос 0
Со исклучок на мечот во Баку помеѓу Карабаг и Атлетико кој ќе започне во 18 часот, сите останати натпревари ќе стартуваат во терминот од 20:45 часот.