Кошаркарскиот клуб Партизан дополнително се засили на центарската позиција. Нов играч на црно-белиот тим е Американецот Џамал Меклин.
Американецот е роден 1988 година, висок е 203 сантиметри, тежок 11 килограми. Сезоната тој ја започна во Динамо Сасари од Италија.
Професионалната кариера ја започнал во Белгија, а вниманието на големите клубови го привлече со настапите во Алба, потоа играл за Милано, Олимпијакос и Локомотив Кубан.
Меклин во Партизан треба да го замени Артем Параховски кој доби отказ. На центарските Позиции Партизан ги има Вилијам Мозли и Никола Јанковиќ.