Шест месеци траеше љубовта помеѓу Никола калиниќ и Рома. Римскиот клуб односно тренерот Паоло Фонсека бара играч кој ќе му биде замена на Един Џеко, бидејќи Хрватот не ги исполни очекувањата.
Калиниќ сезонава се пресели во Рома како позајмен играч од Атлетико Мадрид. „Кориере дело Спорт“ тврди дека во овој преоден рок Калиниќе ќе се пресели во премиер лигата и тоа во екипата на Њукаксл. Она што е интересно тој нема да им биде позајмен на Њукасл туку „страчките“ ќе го откупат неговиот договор.
Калиниќ има премиер-лигашко искуство, во периодот од 2009 до 2011 година тој одиграл 44 натпревари и постигнал седум гола за Блекбурн. Истиот извор пишува дека фудбалерот ги одбил понудите од Верона и Џенова да остане во Серија А.
Кога ќе се ослободат од Калиниќ челниците на Рома ќе се обидат да донесат еден од овие тројца фудбалери: Андреа Петања од СПАЛ, Маријано Дијаз од Реал или Андреа Пинамонти од Џенова.