Top Sport

Гвардиола е разочаран од него: Кансело заминува од Сити

Португалскиот десен бек, Жоао Кансело, се подготвува да го напушти Манчестер сити.

Пеп Гвардиола го донесе како големо засилување од Јувентус, потроши за него 35 милиони евра, а шест месеци подоцна тој не крие дека е разочаран од Кансело.

„Кансело е квалитетен играч, може да асистира два или три пат на натпревар, меѓутоа треба да реши дали ќе остане овде и ќе се бори заедно со нас или не“, рекол тренерот на „граѓаните“.

„Во Велика Британија секој е слободен да прави што сака со својот живот“, дополнил тој.

Замерките од Гвардиола се дека Кансело не покажува желба и борбеност кога е на теренот. Португалецот од почетокот на сезоната има одиграно 16 натпревари.

Како најверојатна дестинација за Кансело англиските медиуми ја посочуваат Валенсија. Тој во минатото од 2014 до 2017 година со многу успех играше за овој клуб.

Scroll to Top