Иако се очекуваше дека некови фудбалери за време на празниците ќе се вклучат во хуманитарната кација која ја покрена Хуан Мата, сепак тоа не се случи. Играчот на Манчестер јунајтед се откажа од еден отсто од својата плата во корист на сиромашните деца ширум светот.
Шпанецот оваа акција ја покрена во август, кога започна новата сезона. Прв му се приклучи Матс Хумелс од Баерн, а потоа и дефанзивецот на Јувентус, Џоџро Кјелини.
Поразително за акцијата е што на Мата не му се приклучи ниту еден соиграч од Мначестер јунајтед, а уште повеќе разочарува податокот дека досега му се приклучиле уште само четворица играчи од Премиер лигата: Чарли Дениелс (Борнмут), Каспер Шмајхел (Лестер), Алфи Мејсон (Свонси) и Бруно Салтор (Брајтон).
Покрај овие фудбалери во акцијата се вклучија Јулијан Негелсман тренерот на Хофенхајм, неговиот играч Серж Гнабри, Шинџи Кагава од Борусија Дортмунд, Александер Ешвајн од Херта, Даниел Дидави од Волфсбург и уште 21 фудбалери и фудбалерки.
Посечната плата во Премиер лигата оваа сезона изнесува 2,4 милиони фунти. Доколку секој играч се вклучеше во акцијата на Мата „преку ноќ“ ќе беа собрани 12,5 милиони фунти.
Since the beginning of the season, thirty three footballers from around the globe have joined the Common Goal movement. Check out @MailSport‘s end of year review for a full chronology of our member signings https://t.co/sogpZSl7zO
— Common Goal (@CommonGoalOrg) December 25, 2017