Паоло Дибала во 2015 година бил блиску до трансфер во ПСЖ. Сите детали биле договорени, но Аргентинецот во последен момент се премислил.
Аргентинецот тогаш од Палермо требало да замине во Париз, во тој период медиумите шпекулираа дека нов тренер на ПСЖ ќе биде Диего Симеоне.
Меѓутоа, кога клубот потврди дека Симеоне ја одбил понудата и дека останува во Атлетико, Дибала го откажал трансферот. До крајот на сезоната остана во Палермо, а потоа потпиша за Јувентус.
Две години подоцна Аргентинецот е повторно актуелен во медиумските шпекулации. Наводно не бил среќен во Јувентус, кој за него му плати 45 милиони евра на Палермо, поради што медиумите го поврзуваат со ПСЖ, Манчестер јунајтед и Реал.