Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, го објави поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2019.
Репрезентативките подготовките ќе ги почнат на 6 ноември во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Првиот натпревар во рамки на евроквалификациите македонските кошаркарки ќе го играат во Скопје против репрезентацијата на Италија на 11 ноември. Италијанските на овогодишниот Евробаскет го освоија на седмото место.
Список на селекторот Лазовски: