Нов пех им се случи на Црногорците во пресрет на европското првенство во ракомет. Поради повреда првенството ќе го пропушти еден од најважните играчи во репрезентацијата, Милош Вујовиќ.
Играчот на Татабања, на контролниот натпревар со Словенија ја обновил повредата на петицата. Поради оваа повреда Вујовиќ веќе пропушти голем дел од тековната сезона.
Селекторот Рогановиќ остана без играчот кој на 40 натпревар за Црна Гора има постигнато 92 гола.
На неговото место црногорскиот селектор го повикал 23 годишниот играч на Кангас, Филип Вујовиќ.
Претходно Црна Гора остана без главниот адут во одбраната, Небојша Симовиќ.
Црна Гора на ЕП ќе игра во А-групата против Хрватска, Србија и Белорусија.