Новиот напаѓач на Борусија Ерлинг Халанд открил зошто ја прифатил понудата од Дортмунд и покрај тоа што за него сериозно биле заинтересирани од Манчестер Јунајтед. Младиот Норвежанец со „милионерите“ потпиша четири и пол годишен договор. Покрај Јунајтед интерес за него покажуваа Лајпциг и Јувентус.
Халанд во првиот дел од сезоната во дресот на Салцбург одигра 28 натпревари на кои постигна 22 гола.
„Беа директни, ми кажаа дека им се допаѓа мојот стил на игра и дека ме сакаат во својот тим. Ми се допадна начинот на кој што разговараа со мене. Тоа пресуди да потпишам за Дортмунд. Од почетокот имав чувство дека јас и Дортмунд сме добра спојка“, изјавил Халанд.
„Сега имам време да ги запознаам луѓето во клубот, добро тренирам, потоа ќе видиме дали сум доволно подготвен. Морам да одам чекор по чекор. Секако дека сакам веднаш да заиграм“, рекол синот на поранешниот фудбалер на Нотингем Форест, Лидс и Манчестер сити Алф-Инге Халанд.
Борусија Дортмунд во вториот дел од сезоната ќе влезат од четврото место на табелата.