Престижниот магазин „Франс Фудбал“ објави сензационална информација која се однесува на Лионел Меси. Магазинот кој ја доделува престижната награда „Златна топка“ ја тврди дека ја има пораката што Меси му ја испратил на својот поранешен соиграч од Барселона, Нејмар.
Според „Франс Фудбал“ откако Меси шести пат во кариерата ја добил „Златната топка“ му испратил порака на Бразилецот. Магазинот, повикувајќи се на веродостојни извори ја цитира пораката.
„Само заедно можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Сакам да се вратиш. Јас заминувам за две години, ти ќе бидеш сам ќе го заземеш моето место“, наводно гласи пораката што 32 годишниот Аргентинец му ја испратил на Нејмар.
Меси и Нејмар беа соиграчи во Барселона од 2013 до 2017 година. Заедно два пати ја освоиле Ла Лига, а по еднаш Лигата на шампионите, Светското првенство за клубови и Суперкупот на Шпанија.