Бековите на Ливерпул Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд веројатно се најважните играчи во филозијата на Јирген Клоп. Тие го предводат тимот според бројот на асистенции, но интересно е дека според платите се далеку од големите ѕвезди Мохамед Салах, Вирџил Ван Дајк и Роберто Фирмино.
Ливерпул објавија колкави се платите на фудбалерите, на таа листа Робертсон и Александер-Арнолд се при дното.
Енди Робертсон неделно заработува 50.000 фунти, а Арнолд скромни 40.000 фунти. За споредба Салах неделно инкасира 200.000 фунти, односно 20.000 повеќе од Ван Дајк и Фирмино.
Зад нив на листата се ветераните Џордан Хендерсон и Џејмс Милнер со по 140.000 фунти. Интересно Садио Мане кој вчера ја доби наградата за играч на годината во Африка неделно добива 100.000 фунти.