Учесниците на Олимписките и Параолимписките игри во Токио ќе спијат на кревети направени од картон и душеци направени од полиетиленски материјали, соопштија организаторите.
Креветите од картон по завршувањето на Игрите ќе бидат рециклирани, а материјалот од кој ќе бидат направени душеците ќе биде искористен за производство на производи од пластика.
Вкупно ќе бидат направени 18.000 кревети за потребите на спортистите во олимпиското село. За Параолимписките игри на организаторите ќе им бидат потребни 8.000 кревети.
Сите кревети се долги 210 сантиметри, ќе можат да издржат тежина од 200 килограми.
Some athletes at the Tokyo 2020 Olympics could be sleeping on special cardboard beds.
Would you have a kip on one of these? pic.twitter.com/Sxs0vzpvWn
— Sun Sport (@SunSport) January 9, 2020
Организаторите на Игрите во Токио се обидуваат максимално да ја намалат емисијата на јаглеродиоксид.
Медалите ќе бидат направени од рециклирани мобилни телефони, додека олимпискиот факел ќе биде изработен од алуминиумски отпад.
Победничките пиедестали ќе бидат изработени од рециклиран морски отпад и отпад од домаќинствата. Олимписките борилишта и олимпиското село ќе се снабдуваат со струја од обновливи извори.