Менаџерот на Арсенал Арсен венгер го потсети колегата од Манчестер јунајтед Жозе Мурињо дека тој во последните две децении секогаш имал помалку пари за засилувања од најголемите ривали.
Португалецот по вчерашното реми со Барнли (2:2), рекол дека императивот да се освои титулата го тера раководството да троѓи повеќе пари на засилувања, односно дека таков притисок немаат Челси и Арсенал.
Манчестер јунајтед во ерата на Мурињо ги реализира двата најскапи трансфери во историјата на англискиот фудбал. Во поседните два летни трансфер периоди на „Олд Трафорд“ пристигнаа Пол Погба и Ромелу Лукаку.
„Веќе 21 година јас сум во таква позиција, поради тоа нема да се жалам. Секогаш барем еден, а некогаш и четири клуба биле побогати од нас, така што низ годините научив да се носам со тој вид на притисок. Она што е најважное да знаете како да реагирате во таква ситуација. Манчестер Сити е побогат, Челси, Јунајтед… Но верувам дека можеме да најдеме начин за да оствариме успех“, рекол Венгер.
Арсенал во моментов се наоѓа на шестата позиција во Премиер лигата со 34 бода, а својот натпревар од 20.коло ќе го отдигра утре кога ќе му гостува на Кристал Палас.