Агентите на Ешли Јанг утре ќе пристигнат во Италија на преговори со Интер, откако 34-годишниот капитен на Манчестер јунајтед одби нов договор со „ѓаволите“.
Ветеранот во јуни е слободен играч, што значи дека од јануарскиот преоден рок може да потпише пред-договор со друг клуб. Според „Скај спортс“ во Италија и Велика Британија, тој ја одбил можноста да потпише нов договор со Јунајтед во обид да направи трансфер во Интер овој месец.
Интер се подготвени да му дадат 18-месечен договор на ветеранот, иако првичните преговори биле за шестмесечен договор за позајмица. Англискиот интернационалец би бил трет ексфудбалер на Јунајтед во тимот на Антонио Конте по Ромелу Лукаку (кој направи трансфер) и Алексис Санчез (кој е на позајмица).
Јанг пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 од Астон вила, и има 261 настап за тимот од „Олд Трафорд“.