Виталиј Мутко се повлече од позицијата главен организатор на Светското првенство во Русија, објавија руските медиуми, два дена откако привремено си замина од позицијата претседател на Рускиот фудбалски сојуз.
Мутко, кој е и заменик премиер, доби доживотна суспензија од Олимпијадите откако тој беше обвинет дека е еден од лидерите на систематскиот допинг и прикривањето позитивни тестови од ЗОИ во Сочи во 2014 година.
Мутко вели дека ќе се фокусира на „владините работи“, и дека негов заменик ќе биде Алексеј Сорокин.
„Има уште многу работа пред нас, но немам сомнеж дека сè ќе биде подготвено на време“, изјави Мутко за „Р-Спорт“.