Top Sport

Летонецот од Вардар ја „скина“ шпанската мрежа (Видео)

Летонија синоќа дебитираше на европските првенства во ракомет. Очекувано Летонците беа поразени од Шпанија (22:33). Мечот што се одигра во рамките на Ц-групата го обележа голот на летонскиот џин Даинис Кристопанс.

Европскиот првак со Вардар во првото полувреме го постигна најубавиот гол на вчерашните натпревари. Овој гол сигурно ќе конкурира и за еден од најубавите на првенството.

215 сантиметри високиот Кристопанс од десет метри го проби блокот на Шпанија и голманот Де Варгас.

Инаку, Кристопанс мечот го заврши со седум гола и реализација од 70 отсто.

фото/men2020.ehf-euro.com

Scroll to Top