Top Sport

Дефанзивец на Ливерпул обвинет за физички напад

Одбранбениот играч на Ливерпул, Џон Фланаган е обвинет за физички напад откако беше уапсен на 22 декември по инцидент во 3.20 часот наутро. 24-годишниот Фланаган ќе треба да се појави на суд во јануари.

Фланаган има само еден настап за тимот на Јирген Клоп оваа сезона, во Лига купот, при поразот од Лестер сити, откако минатата година играше како позајмен играч во тимот на Барнли.

Тој дури беше повикан во англиската репрезентација во 2014 година, откако беше редовен во сезоната 2013/14 за Ливерпул, кога тимот беше блиску до титулата, но оттогаш имаше неколку повреди. Неговиот договор на „Енфилд“ завршува во 2019 година.

„Клубот е известен за инцидентот кој се случи со еден наш играч. Нема да коментираме додека процесот трае“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Scroll to Top