Натпреварот што го одиграа Новак Ѓоковиќ и Денис Шаповалов во четврт-финалето на АТП купот накратко бол прекинат во вториот сет поради однесувањето на српските навивачи.
Во текот на мечот српските навивачи константно го провоцирале канадскиот тенисер кој и покрај тоа го освои првиот сет со 4/6. Ѓоковиќ експресно одговори во вториот сет во кој го збриша противникот со 6/1.
Токму во вториот сет Шаповалов решил да ја исфрли нервозата од себе. Кога Ѓоковиќ направи брејк тој им порача на српските невивачи „да се е..т“.
Судијата Карлос Бернардес го предупредил да се однесува пристојно, а на навивачите им порачал.
„Дами и господа, ве молам. Само момент…Ова е тенис и најважно е помеѓу нас да има почитување. Ве молам да покажате почит кон двајцата тенисери“, порачал судијата.
"The most important thing between all of us is respect"
– Carlos Bernardes #ATPCup pic.twitter.com/YPxnnuPNMM
— Tennis TV (@TennisTV) January 10, 2020
Откако еден дел од публиката го исвиркал неговиот говор, судијата продолжил.
„Доколку не сакате да гледате тенис тогаш одете си дома. Немојте да ги вознемирувате оние што дошле да гледаат тенис“.
На крајот Ѓоковиќ во тај-брејкот го освои третиот сет, а Србија избори пласман во полу-финалето каде ќе игра против Русија.