По бурата реакции од ЛГБТ активистите, светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го избриша видеото во кое го „кара“ својот внук за носење на „фустан за принцези“, а на Твитер веднаш забележаа дека и тој не може да се пофали со голем вкус при изборот на облеката.
„Секогаш сум ги подржувал тие кои сакаат да го живеат својот живот како што сакаат и се надевам дека ќе ми простите за лошата проценка“, напиша Хамилтон на Твитер откако беше „распнат“ преку социјалните мрежи.
My deepest apologies for my behaviour as I realise it is really not acceptable for anyone, no matter where you are from, to marginalise or stereotype anyone.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) December 26, 2017
I have always been in support of anyone living their life exactly how they wish and I hope I can be forgiven for this lapse in judgement.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) December 26, 2017
Зачудувачки колку „бучава“ околу изјавата дека момчињата треба да носат облека за машки.
Сепак, дел од Твитер-заедницата најде за сходно да се пошегува со стилот на облекување на Хамилтон. Еве дел од фасцинантниот стил на Британецот.