Легендарниот капитен на Челси Џон Тери решил на Инстаграм да постави интересно видео од 2015 година, во кое главен актер е Диего Коста.
На досега необјавената видео-снимка се гледа како Диего Коста, сега играч на Атлетико Мадрид, со боксерски ракавици се пресметува со економот на Челси, Били Меккалох.
Бокс-мечот се случил за време на ручекот во текот на подготовките на Челси за сезоната 2015/2016.
Тери напишал: „2015 пред почетокот на сезоната. Сјани спомени“.
Џон Тери и Диего Коста биле соиграчи од 2014 до 2017 година.