Кирил Лазаров на свои 39 години покажа дека е мајстор на ракометната игра, повторно спасувајќи ја македонската репрезентација за тесна победа над Украина со гол со звукот на сирената во Виена, по што призна дека одел на сѐ или ништо и додавајќи дека мора да се научи нешто од мечот кој го имавме добиено пред за малку да го загубиме.
„Нивниот голман имаше среќа, бидејќи имав неколку промашени шутови, и на крајот отидов на сѐ или ништо и на крајот испадна како што треба. Зошто би се плашеле, ова е спорт, треба младите да одат напред. Најважно е што победивме и што ја израдувавме нацијата и сега треба да се одмориме и да не ги повториме овие работи со Чесите“, изјави Лазаров.
Фото: ЕПА