Top Sport

„Очекуваме Барселона да се однесува како голем клуб“

Шпанските медиуми тврдат дека вечерва легендарниот играч на „блауграна“ Чави ќе биде промовиран во нов тренер на Барселона.

„Марка“ и „Мундо Депоритво“ објавија дека натпреварот Ал Сад-Ал Рајан во Купот на Катар, што ќе започне во 17.30 часот, ќе биде последен за чавии на клупата на Ал Сад.

Според овие извори извршниот претседател и техничкиот директор на Барселона, Оскар Грау и Ерик Абидал синоќа во Катар му понудиле на чави да го наследи Ернесто Валверде.

На ваквите информации реагираа од катарскиот клуб во кој Чави играше четири години, а од пред осум месеци е тренер.

„Враќањето на Чави во Барселона е нормално, тоа е неговиот дом во кој еден ден сигурно ќе се врати, но во моментов Чави е тренер на Ал Сад. Тој во моментов е фокусиран на полу-финалето на Купот, а ние знаеме дека голем клуб каков што е Барселона во преговори околу наш вработен ќе влезе преку официјалните канали“, стои во соопштението на Ал Сад.

Scroll to Top