Грчкиот кошаркарски тренер Јоргос Барцокас ќе се врати на клупата на Олимпијакос. „Еурохопс“ тврди дека преговорите помеѓу двете страни биле во завршна фаза.
Барцокас една година е без работа, откако во јануари 2019 година доби отказ во Химки. Тој веќе има одработено еден мандат во Олимпијакос (2013-2014). Во 2013 година стана првиот грчки тренер со трофеј во Евролигата.
По заминувањето од Олимпијакос работел во Локомотив Кубан, Барселона и Химки.