Поранешниот репрезентативен голман на Босна и Херцеговина Асмир Беговиќ би можел да ги засили редовите на милан, пренесуваат италијанските медиуми. Милан ќе мора да најдат голман доколку Пепе рејна се пресели во Астон Вила.
Беговиќ сезоната ја започна во Азербејџан, во екипата на Карабаг, каде брани како позајмен играч на Борнмут.
Доколку Босанецот дојде во Милан тој ќе му биде резерва на голманот на италијанската репрезентација Џиџи Донарума.
Досега во кариерата Беговиќ бранел во Стоук, Челси и Борнмут.