Арон Ремзи можеби ја завршува 2017 со повреда, но Велшанецот може да се пофали со тоа што ја има најскапата куќа во Велс во последните 12 месеци.
Напаѓачот си купи куќа која ја плати 3.1 милиони фунти, иако пазарната цена е 4.5 милиони фунти. Покрај куќата со пет спални соби има и терен за голф, тениски терен и базен со јакузи. Куќата во предградието на Кардиф, Лисвејн исто така има градина со фонтани. Покрај тоа, 26-годишниот голгетер на Арсенал има и сопствен хелиопад, што значи дека бргу може да стигне во Лондон.
Ремзи е повреден и најверојатно ќе го пропушти мечот на Арсенал со Кристал Палас.