Хрватска е првата репрезентација која избори пласман во втората фаза на Европското првенство во ракомет. Хрватите, во рамките на второто коло во А-групата, во Грац, ја поразија Белорусија со 31:23.
Хрватите во целост ја оправдаа фаворитската улога против борбените Белоруси. Со исклучок на периодот од 12 до 16 минута кога им дозволија на Белорусите да постигнат четири гола и од 7:2 да дојдат на 7:6, Хрватите целосно доминираа во натпреварот.
Клучна беше и серијата 5:1 од 24 до 30 минута што ја направија Хрватите за предност на полувреме 15:10.
Карачиќ со шест гола беше најефикасен кај Хрватска, додека Вајлопау со осум гола ја предводеше Белорусија.
Белорусите и покрај поразот имаат шанси за пласман во втората рунда бидејќи имаат победа над Србија, а во последното коло ќе играат против Црна Гора.
Еден натпревар се одигра и во Ц-групата. Во дуелот на дебитантите на Европските првенства Холандија ја победи Летонија со 32:24.
foto/EPA