Top Sport

Џошуа се понуди да му биде кум на принцот Хери

Ентони Џошуа е подготвен да присуствува на свадбата меѓу британскиот принц Хери и Меган Маркл, откако официјално им се понуди да биде кум.

Џошуа и Хери беа на „гости“ кај Би-би-си Радио 4, каде што принцот беше гостин-водител, по што боксерот се пошегува дека е подготвен да биде кум.

„Се вратив на работа! Честитки за сè што се случи оваа година и без притисок со следните гости. Дали ти треба кум?“, напиша Џошуа.

Принцот Хери ќе се ожени со американската актерка Меркел на 19 мај 2018 година, додека Џошуа го очекува нов меч во првите неколку месеци од следната година.

Scroll to Top