Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Жедсон Фернандеш треба да ги помине медицинските тестови кај Тотенхем пред да го комплетира трансферот во Лондон, тврди „Би-би-си“.
Фернандеш беше мета на Вест хем, но 21-годишниот фудбалер од средниот ред ќе стане првото засилување на Жозе Мурињо, откако одигра само седум меча за Бенфика, која е подготвена да го прати на 18-месечна позајмица.
„Чекам вести. Не сакам да зборувам за фудбалери на Бенфика“, изјави во понеделникот, Мурињо.
Тотенхем ќе има опција да го откупи договорот на Португалецот кога ќе заврши позајмицата во 2021 година.