Top Sport

НБА: Рондо подели 25 асистенции, Пеликаните го декласираа Бруклин (Видео)

Оклахома ја продолжи победничката серија откако славеше во дуелот со Торонто Репторс, а плејмејкерот на Њу Орлеанс Пеликанс, Режон Рондо, го собори личниот рекорд според бројот на аситенции.

Големата тројка на Оклахома Тандер (Расел Вестбрук, Пол Џорџ, Кармело Ентони) влезе во ритам, а најдобар показател се резултатите. Оклахома има серија од шест победи, а последен тим кој потклекна пред Тандер е Торонто Репторс (124:107).

Џорџ имаше учинок од 33 поени и 8 скока, Вестбрук беше на два скока до нов трипл-дабл (30 пеони, 8 скока, 13 асистенции), а Ентони заврши со 18 поени, колку што постигна и одличниот центар Стивен Адамс.

Торонто доживеа убедлив пораз бидејќи најдобрите играчи Демар Дерозан и Кајл Лаури одиграа катастрофален меч. Комбинирано тие погодија само 7 од 26.обиди од поле, Демар постигна 15, а Лаури 13 поени.

Убедлив триумф запишаа и кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс над Бруклин Нетс 128:113.

Пеликанс до победата ги предводеше Режон Рондо кој постави нов клупски и личен рекорд од 25 асистенции. Инаку Рондо во статистиката запиша уште два поени и седум скока. Њу Орлеанс го предводеше Ентони Дејвис со 33 поени, 11 скока и 6 блокади.

Резултати:

Шарлот-Бостон 91:102
Индијана-Далас 94:98
Атланта-Вашингтон 113:99
Чикаго-Њујорк 102?97
Минесота-Денвер 128:125
Њу Орлеанс-Бруклин 128:113
Сакраменто-Кливленд 109:95
Голден Стејт-Јута 126:101
ЛА Лејкерс-Мемфис 99:109

Scroll to Top