Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ветија дека ќе одат на нокаут победа за да избегнат судиите да го решаваат нивниот римеч на 22 февруари во Лас Вегас, каде што Вајлдер ќе ја брани својата ВБЦ титула.
Првиот контроверзен меч меѓу двајцата во декември 2018 заврши со „реми“ по експлозивни 12 рунди, резултат кој не ги задоволи двајцата, но барем ги остави непоразени. Сега, на прес-конференција во Лос Анџелес, Фјури (29-1-0) вети дека ќе го „лови“ Вајлдер (42-1-0) во две рунди, додека Вајлдер посочи дека овојпат нема шанси Фјури да го изддржи неговиот бес.
„Имам незавршена работа. Ќе го нокаутирам. Јас сум лавот, кралот на џунглата и на 22 февруари ќе му ја откинам главата“, вели Вајлдер.
Откако во првиот меч беше далеку поподвижниот боксер, Фјури сега вети дека ќе се судри директно со моќниот Вајлдер.
„Ќе се сретнеме Дионтеј во средината на рингот. Нема да има бегање, нема да треба да ме бараш. Само внимавај на десницата, бидејќи ќе спиеш по две рунди. Две рунди. 100 отсто“, изјави Фјури.