Севилја потврди дека во петок ќе го именува Винченцо Монтела како нов тренер на тимот, кога тој ќе добие прекин на договорот со тимот на Милан. Монтела добива договор со шпанскиот прволигаш до јуни 2019 година.
Иако Монтела минатиот месец доби отказ од Милан, во Италија договорите со тренерите остануваат на сила подолго време, поради што адвокатите на Италијанецот се договараа со службените лица на „росонерите“.
Монтела ќе биде на клупата на тимот од Андалузија во сабота наутро, пред да биде промовиран пред шпанскиот печат.
Останува нејасно кој ќе му биде помошник на Монтела, иако 43-годишниот Италијанец подолго време соработува со сонародникот Енцо Мареска, кој го освои УЕФА купот со Севилја во 2006 година.
Севилја со зачудувачка одлука – го отпуштија Берисо по операцијата!