Барселона, водечкиот тим во Ла Лига, во јануари на петмина фудбалери ќе им дозволи да го напуштат тимот, дознава каталонскиот весник „Спорт“.
Тренерот Ернесто Валверде смета дека тие нема да му бидат потребни во пролетниот дел од сезоната, а парите кои клубот ќе ги заработи од нивната продажба ќе ги инвестира во трансферите на две големи ѕвезди.
SPORT:
‣ Rafinha – Him get offer from Celta to finish the season on loan
‣ Deulofeu – Inter wan buy am on loan for 1.5 years
‣ Vidal – Him get plenty offers
‣ Arda – negotiations still dey go on but no team fit pay him salary
‣ Mascherano – he go leave by mid January pic.twitter.com/11I0K7ViFr— Barcelona In Pidign (@BarcelonaPidgin) December 29, 2017
Прв кој ќе го напушти тимот е Хавиер Маскерано, кој има договорено трансфер во Кина. Маскеранот клубот ќе го напушти кон крајот на јануари.
Од клубот ќе замине и Арда Туран. Турчинот оваа сезона не одиграл ниту една минута во Ла Лига. Интерес за неговите услоги покажуваат Бешикташ и Галатасарај.
Место кај Валверде нема ниту за талентираниот Рафиња. Тој бара тим каде што ќе биде стандарден за да може да избори место во бразилската репрезентација која ќе игра на СП во Русија. Селта изрази желба да го позајми Рафиња.
Долго време на трансфер листата е Алеш Видал, за кого Барселона и плати на Севилја 18 милиони евра. Во последно време тој добива некава шанса од тренерот но јасно е дека и тој бара тим каде ќе биде стандарден. Засега е најблиску до тимот на Рома, иако и Интер изрази желба да го донесе на позајмица до крајот на сезоната, со право потоа да го откупи неговиот договор.
Слична е ситуацијата и со Џерар Делофеу кој втор пат се врати во клубот и повотрно не се избори за повеќе минути на теренот. 23-годиншниот играч најверојатно ќе се врати во Милано, но не во Милан каде ја воскресна кариерата, туку ќе оди во Интер.
Планот на Барселона е парите од продажбата на овие играчи да ги вложи во две мега засилувања, Фелипе Кутињо од Ливерпул чија цена изнесува 150 милиони евра и Антоан Гризман чија цена наредното лето ќе изнесува 100 милиони евра.