Јувентус се впушта во трката по хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ, пишува италијанска „Ла Република“.
Ракитиќ беше голема желба на Управата на „Старата дама“ и минатото лто, но не дојде до трансфер затоа што Ракитиќ сакаше да остане на „Ноу Камп“ и да докаже дека може да се избори за поголема минутажа во силната конкуренција.
Сепак, во првиот дел од сезоната беше во втор план и јавно порача дека размислува за напуштање на клубот.
„На Ракитиќ уште навреме му рековме дека не сметаме на него. Му објаснивме што е стратешка спортска одлука на клубот која мора да ја разбере. Мислам дека разбра што му зборуваме, но ако не – ќе му повторам“ – рече спортскиот директор на Барса, Ерик Абидал.
Поради ситуацијата во која се најде, вредноста на Хрватот падна од 65, на 25 милиони евра, па сега Јуве сака да ја искористи можноста.
Италијанскиот шампион размислува за трампа, сака на „Ноу Камп“ да го испрати италијанскиот репрезентативец, Федерико Бернадески за кого во 2017 на Фиорентина и платија 40 милиони евра. Сезонава Италијанецот има постигнато само еден гол за 1.018 минути игра.
Доколку Јуве го доведе Ракитиќ, тоа би било голем удар за Интер кој со месеци покажуваше интерес за 31-годишниот фудбалер.