Шпанскиот дефанзивец на Арсенал, Ектор Белјерин побара помош да се лоцира неговиот најголем мал навивач, кој држеше натпис „Белјерин те сакам“ при 3:2 победата над Кристал Палас на „Селхарст Парк“.
„Ја забележав оваа фотографија од натпреварот, ве молам да ми помогнете да го најдам овој мал навивач“, напиша Белјерин на Твитер.
22-годишниот Шпанец одигра 90 минути за „топчиите“ во тешката победа, и сега бара помош од своите 1.19 милиони следбеници на Твитер за да се сретне со навивачот.
Came across this picture of last nights game, could everyone RT and help me find this young fan please? pic.twitter.com/o7WV2oO7CU
— Héctor Bellerín (@HectorBellerin) December 29, 2017