Top Sport

Ребиќ: Конечно, покажав што умеам!

Анте Ребиќ постигна два гола при драматичната 3:2 победа над Милан по што призна дека конечно покажал што умее со формата со која треба да добие повеќе време на теренот. Хрватскиот напаѓач пристигна во текот на летото со размена за Андре Силва, но не покажа многу во дресот на „росонерите“.

„Конечно, покажав што умеам, иако трите поени се најважни. Сега мораме само да продолжиме вака. Што е разликата сега? Имаме тројца важни нови играчи – Златан Ибрахимовиќ, Симон Кјер и Асмир Беговиќ, кои помагаат и со игра и со совети. Затоа доаѓаат резултатите. Не сакам да кажувам ништо за целите до крајот на сезоната бидејќи ќе одиме меч по меч“, изјави Ребиќ.

Ребиќ се „разбуди“, Милан со драматична победа над Удинезе (видео)

Scroll to Top