На Пеп Гвардиола очигледно му се допаѓа во Манчестер, откако си го купи станот во центарот на градот за 2.7 милиони фунти.
Шефот на Манчестер сити има уште 18 месеци договор да остане на „Етихад“, откако во текот на летото реши да ги одложи преговорите за нов договор. Сепак, шефовите на Сити ќе бидат охрабрени откако тој си го купи станот во „Сити суитс“ квартот во Салфорд, што значи дека планира долгорочна иднина во градот.
„Да, таму е навистина добро. Го купив станот уште лани бидејќи и јас морам да живеам некаде, а среќен сум со животот во центарот на градот. Истото го направив и кога играв во Рома, во Бреша и во Минхен. Повеќе сакам да сум во центарот на градот со луѓето“, објаснува Гвардиола.
Тој живее во станот со своето семејство и вели дека посветеноста кон клубот е иста.
„Посветеноста беше иста и лани, кога не победувавме. Сега можеби изгледа поинаку бидејќи победуваме, но истото е. Ништо не се менува со тоа дали ќе изнајмиш или ќе купиш стан. Тоа нема да го смени начинот на кој работам“, вели Гвардиола.
Неговиот стар ривал, менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, од друга страна останува со апартман во хотелот „Лаури“ во близината на Салфорд, и не планира да се сели.